23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија ќе гo поттикнува вработувањето со 100 мил евра

Словенија ќе гo поттикнува вработувањето со 100 мил евра

slovenciteve4e654v6e4v

И покрај падот на невработеноста на 12 проценти Словенија ги зголемува стредствата за активната политика за вработување, па оваа година за таа намена според планот на владата ќе издвои повеќе од 100 милиони евра.

За оваа година за активната политика на вработување се наменети 100,2 милиони евра, од кои 9 милиони од европскиот социјален фонд.

Буџетската ставка наменета за политиката на вработување е значително повисока во однос на лани, кога за таа цел беа потрошени 60,6 милиони евра од државниот буџет и европските фондови, се вели во соопштението на словенечката влада.

Во програмата која користи средства наменети за активната политика на вработување лани биле вклучени 23.000 невработени лица регистрирани во Заводот за вработување, а работа од нив успеале да добијат дури 60 проценти.

Оваа година актуелни се програмите за субвенционирање на вработувањето, како и неформалните оспособувања на младите и ранливите групи за стапување во работен однос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП