17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLine планира истовремено да пушти акции во Токио и Њујорк

Line планира истовремено да пушти акции во Токио и Њујорк

line 30

Компанијата „Line“, која ја поседува истоимената апликација за испраќање на инстант пораки, планира да пушти акции истовремено на берзите во Њујорк и Токио во јули. Се очекува ова да биде едно од најголемите „ИПО“ во Јапонија во оваа година.

Берзата во Токио денес го одобри планот на „Line“ за „ИПО“ и акции на 15-ти јули, а „ИПО“-то може да собере повеќе од 900 милиони долари за компанијата и да ја процени на повеќе од 5 милијарди долари. Берзата во Њујорк се очекува да го одобри планот подоцна во текот на денот.

„Line“, која е во сопственост на јужнокорејската компанија „Naver“, управува со најпопуларната јапонска мобилна апликација за испраќање на пораки. Таа обезбедува и можност за говорни повици, а генерира приходи од продажба на налепници, од игри и реклами. Во последните години „Line“ ги прошири предлозите и сега нуди различни услуги, вклучувајќи музички стриминг и ангажирање на такси.

Приходите на „Line“ растат стабилно, но компанијата има проблем со зголемувањето на бројот на корисници и проширувањето на дејноста на нови пазари.

Во обид да си создаде нови извори на приходи во март „Line“ најави дека ќе лансира нови услуги, вклучувајќи и своја услуга за мобилни плаќања.

Месечниот број на активни корисници на „Line“ кон крајот на март достигна 218 милиони, а повеќе од половина од нив се од Јапонија, Тајван, Тајланд и Индонезија.

Главниот извршен директор на „Line“, Такеши Идезава изјави дека компанијата планира да ги фокусира своите напори во Азија и други пазари во кои може да се претвори во јасен лидер. Средствата собрани од „ИПО“-то се предвидени токму за овие планови, тврдат извори запознаени со ова прашање.

Берзата во Токио најави дека „Line“ ќе понуди 13 милиони нови акции во Јапонија. Други 22 милиони нови акции се очекува да бидат предложени во Њујорк на 14-ти јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП