25 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит паднаа по три дена раст

Индексите на Волстрит паднаа по три дена раст

volstrit56

На Волстрит во четвртокот цените на акциите паднаа по трите дена раст, а под најголем притисок беа енергетскиот и финансискиот сектор.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,11 отсто, на 17.985 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,17 проценти, на 2.115 поени, а Nasdaq индексот падна за 0,32 отсто, на 4.958 индексни поени.

Најмногу, за 0,8 отсто, паднаа цените во финансискиот сектор, кои се под притисок поради тоа што е малку веројатно дека американската централна банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки пред есента.

Паднаа и цените во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цените на нафтата од највисоките нивоа во последните единаесет месеци.

Вложувачите се претпазливи поради тоа што S&P 500 индексот се придвижи на највисоко ниво во историјата, достигнато во мај минатата 2015 година, иако деловните резултатите на компаниите се анемични и иако растот на глобалната економија забавува.

На претпазливосто на инвеститорите укажува и потпросечниот обем на тргувањето. На американските берзи во четвртокот сопствениците ги заменија 6,1 милијарди акции, додека просечниот дневен обем последните дваесет дена изнесуваше 6,8 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар