18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците стануваат се побогати, додека Јужна Европа станува посиромашна

Германците стануваат се побогати, додека Јужна Европа станува посиромашна

eupeople33

Нееднаквоста според богатството во еврозоната се зголемува, а зголемувањето на цените на недвижностите им помага на Германците да станат побогати, додека јужните европски земји заостануваат, покажува новото истражување на германскиот фонд „Flossbach von Storch“ објавено од „Ројтерс“.

Јазот меѓу северните земји, како Холандија и јужните земји, како Португалија одамна постои, но новите податоци покажуваат дека бездната станува широка.

Земајќи предвид повеќе фактори како имот, акции, уметност и луксузно вино, истражувањето доаѓа до заклучок дека богатството во Германија и Австрија отскокнува со повеќе од 7% на крајот на 2015-та година во споредба со претходната.

Тоа е двојно повеќе од зголемувањето во Италија и Шпанија. Кај Грците се појави обратен тренд – богатството на населението се топи со 4%. Цените на имотите кои скокнаа со повеќе од 6% во Германија, се најголемиот двигател на богатството.

Оваа разлика води до политички тензии во 19-члената еврозона, а ниските цени на недвижностите во јужните земји се одразуваат на претставувањето на банките кои поседуваат станови и комерцијални недвижности, како колатерал за кредитите.

Јапонија одамна се бори со стагнацијата во економијата и се поголемиот државен долг. Некои економисти стравуваат дека слична судбина ги очекува и некои земји во Европа.

„Земјите на север немаа таква силна инфлација и излегоа од неа подобро“, рече Томас Мајер, основач на истражувачкиот институт, кој го спроведува истражувањето.

Европската централна банка го призна овој заеднички тренд, објаснувајќи дека разликата помеѓу послабите и најсилните земји во еврозоната расте, наместо да се намалува, како што беше предвидено во првичниот план при создавањето на единствената валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП