8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочнува 15-то Европско првенство во фудбал

Почнува 15-то Европско првенство во фудбал

европско-првенство

На стадион „Сен Дени“ во Париз, со натпреварот помеѓу Франција и Романија, денес, ќе биде отворено 15-то Европско првенство. Домаќин на првенството, на кое титулата ќе ја брани селекцијата на Шпанија, е Франција, која во 1984 и 2000 година била континетален првак.

Европското првенство кое ќе започне на 10.јуни е прво на кое ќе учествуваат 24 држави, а специфичен е и „лајт мотивот“ кој се провлекува во последните шест месеци, односно терористичките закани од страна ИСИС.

Поради опасноста од тероризам, за рекорден број на редари и припадници на француските безбедосни сили ќе се грижат за безбедноста.

Франција е прв фаворит на ЕП, не дека е домаќин туку поради составот кој го има Дидие Дешам. Погба, Гризман и Паје кој одигра неверојатна сезона за Вест Хем се предводници на оваа француска генерација.

Свои сметки имаат и Шпанија односно Германија, а како фаворити од сенка се издвојуваат Белгија, Англија и Хрватска, можеби и Португалија со Кристијано Роналдо, за кого ЕУРО 2016 е веројатно последното големо натпреварување на кое ќе се обиде да направи некој забележителен резултат со националниот тим.

Шпанија со изменет тим во однос на Мундијалот во Бразил ќе тргне во одбрана на титулата. Шпанците имаат респектиблен состав, но самодовербата им е разнишана по шокантниот пораз од Грузија, во пријателски меч.

Гераманија, со проверени сили ќе се обиде на светската да ја придодаде и европската титула.

Белгија е селекција составена од врвни фудбалери, вистински ѕвезди, а се чини дека најслаба алка е селекторот Вилмотс, кој со оглед на потенцијалот кој го поседува често игра премногу дефанзивно.

Англија има интересен состав, со неколку млади и талентирани фудбалери, а главната сила ја има во нападот, каде се двајцата најдобри стрлци во Премиерлигата Кејн и Варди.

Хрватите, во Франција на СП во 1998 година го постигнаа својот најголем успех, а актуелниот состав им дава надеж дека на ова ЕП можат да стигнат до самата завршница.

Група А: Франција, Швајцарија, Романија, Албанија

Група Б: Англија, Русија, Словачка, Велс

Група Ц: Германија, Полска, Украина, Северна Ирска

Група Д: Шпанија, Хрватска, Турција, Чешка

Група Е: Италија, Белгија, Шведска, Република Ирска

Група Ф: Португалија, Австрија, Унгарија, Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП