18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолговите на Американците од кредитните картички ќе надмине 1 илјада милијарди долари

Долговите на Американците од кредитните картички ќе надмине 1 илјада милијарди долари

kart 333

Со подобрувањето на економијата и зголемувањето на корисничката доверба многу луѓе трошат повеќе, но забораваат на основните одговорности, како да ги плаќаат долговите од кредитните картички. Ако работите продолжат со истото темпо, американските домаќинства ќе натрупаат 1 илјада милијарди долари заостанат долг од кредитните картички кон крајот на 2016-та година.

Тоа би било историски врв, според истражувањето на веб „CardHub“ објавено од „MarketWatch“.

Во првото тримесечје од 2016-та година корисниците платиле само 26,8 милијарди долари од долгот на кредитните картички наспроти 71 милијарди долари во 2015-та година. Тоа е и најмалото намалување во првиот квартал од 2008-ма година и е со речиси 25% под просекот по рецесијата.

„Работите за економијата се редат, но се влошуваат за корисниците“, објаснува аналитичарот Џил Гонзалес од сестринска фирма „WalletHub“.

„Порастот на довербата на потрошувачите води до повисоки трошоци. За вториот квартал на 2016-та година, износот на долгот, платен од корисниците може да достигне 30 милијарди долари“, додава таа.

Потрошувачката формира повеќе од две третини од економијата на САД. Според економистите трошоците за кредитни картички покажуваат дека луѓето се чувствуваат посигурни за нивната безбедност на работното место и во економското заздравување.

Според експертите нема причина за загриженост, бидејќи проблеми се јавуваат кога корисниците не се во можност да ги исплатат обврските од картичките, кога на пример ги загубат своите работни места или при ненадеен пад во економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП