17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРубљата се искачи до максимум, следи нов потег

Рубљата се искачи до максимум, следи нов потег

rublja-rusija-ruska-rublja

Руската рубља се искачи на седум-месечен максимум благодарение на растечките цени на нафтата.

Поради тоа е зголемен притисокот на централната банка да ја намали референтната каматна стапка на утрешниот состанок, оценува АФП.

Рубљата зајакна на околу 63,40 рубљи во однос на доларот, што е најдобар резултат од ноември и на 72,27 рубљи во однос на еврото.

Закрепнувањето следеше откако цените на нафтата, која е клучен извор на приходи за руската економија, речиси се дуплираа од почетокот на годината, кога се лизнаа на најниското ниво за последните десет години.

Растот на цената на нафтата и зајакнувањето на рубљата за четвртина процентни поени, како што оценува АФП, ќе го зголеми притисокот врз централната банка да ја намали РЕПО каматната стапка со цел да воздивне малку погодената од рецесија економија на Русија.

„Растот на цената на нафтата и подобрите економски показатели се сигнал дека, дури и на краток рок, ризиците по ценовната стабилност паѓаат“, порачаа од банката VTB Capital.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП