3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАVoA: Брисел стравува дека Brexit може да доведе до референдуми низ цела...

VoA: Брисел стравува дека Brexit може да доведе до референдуми низ цела Европа

london-britanija-britanija-ekonomija

Поддршката за Европската унија (ЕУ) нагло се намалува низ целиот континент, покажале најновите истражувања кои предизвика стравувања кај Брисел дека претстојниот референдум во Велика Британија може да има заразен карактер, пренесува Voice of America.

Организацијата Pew Research Center интервјуирала над десет илјади лица низ цела Европа и нивните одговори покажуваат дека скептицизмот кон ЕУ не е само ограничен на Велика Британија.

Франција има уште полошо мислење за Унијата и од своите соседи преку Ламанш, откако само 38 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за ЕУ, во споредба со 69 проценти во 2004-та година. Во Шпанија, пак, поддршката за ЕУ паднала од 80 на 47 проценти.

Тим Оливер од Факултетот за економија и политички науки во Лондон коментира дека гласањето за излез од ЕУ може да доведе до барање за спроведување на слични референдуми во целиот континент, пишува VoA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП