Извозот на Велика Британија се зголеми во април до највисокото ниво во последниве три години, посочија денес објавените податоци кои им дадоа здив на аналитичарите во врска со прогнозите за развој на земјата пред референдумот.
Показателот забележа раст од 9,1% во четвртиот месец од годината, што е неговиот најголем пораст од 2003-та година, па наваму. Благодарение на извозот, трговскиот дефицит на земјата е задржан без значајна промена на ниво од 10,5 милијарди фунти во месецот, посочија уште податоците на националната статистика. Вкупниот дефицит, вклучувајќи 7.2-те милијарди фунти вишок кај услугите се намалил до 3,3 милијарди фунти.
Објавените резултати се последни за трговијата на земјата, пред планираниот референдум за 23-ти јуни на кој ќе се одлучува дали Велика Британија ќе остане или ќе ги напушти границите на ЕУ.
Рекордниот трговски дефицит во првите три месеци од годинава поднесе сериозни стравувања за состојбата на британската економија. Хемиските, машинските и нафтените производи придонеле во најголем степен за најдобри резултати при показатели.
Извозот во физички обем се зголеми за 11,2%, или најмногу од почетокот на статистиката во 1998-ма година. Увозот исто така задржува високо ниво, кое е најмногу од крајот на 2014-та година.
Продажба на стоки и услуги кон земјите од ЕУ кои придонесуваат за околу половина од извозот на Велика Британија, се зголемуваат со 7.7%.