8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка прогнозира највисок раст за Македонија и Црна Гора

Светска банка прогнозира највисок раст за Македонија и Црна Гора

svetska_banka

Светска банка во најновата прогноза за растот на економија предвидува дека Македонија и Црна Гора годинава ќе имаат највисок раст во регионот од 3,7 отсто.

Во следните две години прогнозата за растот на македонската економија е 4 отсто.

Во земјите од регионот, Светска банка за оваа година предвидува раст на економијата на Албанија од 3,2%, на Босна и Херцеговина 2,6%, Бугарија 2,2%, Хрватска 1,9%, Косово 3,6% и Србија 1,8%.

Светската економија ќе забележи раст од 2,4 отсто оваа година – исто како и минатата година. Во јануари прогнозите беа дека растот на светската економија ќе биде 2,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП