2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенови на шведска храна во ресторанот Дистрикт

Денови на шведска храна во ресторанот Дистрикт

swedishww

Со желба да ја запознае македонската јавност со карактеристичната шведска кујна, Амбасадата на Шведска организира Денови на шведска храна во ресторанот Дистрикт.

Менито кое ќе се служи е изготвено од шведскиот мастер шеф Магнус Албректсон, кој меѓу другото е еден од ретките готвачи кои ја имаат подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.

Швеѓаните се секогаш гладни за нови идеи и честопати знаат да земат традиционални состојки и да создадат нов рецепт. На таков начин, шведската кујна успеала да се трансформира себеси без да изгуби допир со традицијата.

И навистина, шведската кујна во последно време се повеќе ги освојува европските трпези, а што се огледа во се попознатите и често посетувани врвни шведски ресторани и во Шведска и надвор од неа. А тука се и успесите на шведските готвачи на светски реномираните напревари како што се Кулинарската олимпијада и престижниот Bocuse d’Or.

Во периодот од 9 па се до 19 јуни прошетајте на плоштадот „Македонија“ и пробајте го шведското мени во ресторанот Дистрикт и очекувајте подарок – боршура која ќе ви ги открие тајните на шведската гастрономија. Можете и да си резервирате маса за вас и вашите најблиски и пријатели на тел. 02 5102 535.

Настанот „Недела на шведска храна“ е поддржан од шведско-македонската компанија Сивус и Мериот хотел Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП