3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа разговорот за работа најдобро поминуваат искрените

На разговорот за работа најдобро поминуваат искрените

intervju-posao-job-630x330

Дека искреноста на разговорот за работа е навистина најдобрата политика покажува новото истражување на Правната школа „Vanderbilt“.

Во експериментот учествуваа 3.022 лица кои имале заедничка задача да се однесуваат како работодавци и да избираат меѓу две кандидатки за работа. Кандидатките биле слични по образованието, искуството, вештините и десетгодишната пауза од работа. Единствена разлика била тоа што едната била отворена и искрена во поглед на причината за паузирањето, без оглед дали станувало збор за одгледување на дете или развод. Другата кандидатка не давала никакви информации за тоа зошто никаде не работела десет години. Жената која дала лични информации ги зголемила шансите за добивање на работа за дури 30 до 40 проценти.

Авторот на истражувањето, професорот по право и економија Џони Херш, не сокрил дека бил шокиран од овие резултати, бидејќи информациите од овој тип не говорат ништо за квалитетот на некој работник. Но резултатот ја објаснува психолошката теорија според која луѓето повеќе ги сакаат познатите од непознатите ризици. А со личнсста која им ги открила личните информации знаат на што се.

Некои експерти, сепак, се скептични кога станува збор за ова истражување. Напоменуваат дека повеќе пати е докажано дека жените се навистина дискриминирани на работното место по раѓањето на детето и дека е најдобро на идниот работодавец да не му откриваат информации кои се однеусваат на планирањето на семејството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП