19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХилари или Трамп - кој е полош за пазарите?

Хилари или Трамп – кој е полош за пазарите?

klinton tramp3

За оние кои се прашуваат кој од двајцата американски претседателски кандидати – Хилари Клинтон или Доналд Трамп, ќе е помалото зло за пазарите, аналитичарот Боб Дол од „Nuveen Asset Management“ го дава одговорот.

„Не дека Хилари Клинтон ќе направи чуда за пазарот, но таа ќе е помалку лоша за него“, смета Дол.

„На прво место е проблемот со несигурноста. Пазарите мразат несигурноста. Не мислам дека некој знае какви ќе бидат политиките на Трамп, ако биде избран. Можеби до ноември веќе ќе знаеме, но во моментов не е јасно. Постои многу неизвесност поврзана со милијардерот “, смета Дол, цитиран од финансиското издание „CNBC“.

„Другата причина поради која Трамп е најлошиот избор е фактот дека тој најверојатно ќе започне трговска војна со Кина и Мексико, како и со уште неколку земји. А како што сите знаат, овој вид војни не се добри за економскиот раст, а со тоа и за пазарите“, смета уште Дол.

Трамп изјави дека верува во слободната трговија, но „за да си добар слободен трговец, треба да имаш умни луѓе на своја страна, а ние сме во ситуација на преговори на секој агол“.

Покрај овие две работи сепак, кандидатурата на Клинтон може да е исто толку лоша за пазарите, смета уште Дол.

„Ако Хилари победи убедливо, а демократите доминираат во Конгресот, тогаш пазарот според мене исто така ќе реагира негативно. Каква точно ќе биде распределбата на демократите и републиканците исто ќе е многу важно“, додава експертот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП