9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa отпушта 2.400 лица, најмногу Германци

Lufthansa отпушта 2.400 лица, најмногу Германци

Lufthansa_Beta111

Кетеринг огранокот на германската авиокомпанија „Lufthansa“, компанијата „LSG“, најави дека ќе укине 2.400 работни места ширум Европа.

„LSG“ ги отпушта работниците со настојување да го намали бизнисот, со цел да се избори со падот на цените и забрзаната промена на пазарот.

Од таа бројка, околу 1.700 откази ќе бидат реализирани во Германија, а процесот на реструктуирање на бизнисот би требало да биде завршен до 2021 година, изјави портпаролката на компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

„Пазарните услови многу брзо и драстично се променија“, додаде таа.

Освен обезбедувањето на храна и пијалоци за „Lufthansa“, „LSG“ ги снабдува и другите меѓународни авиопревозници, како што се „American Airlines“, „Thai Airways“ и „Emirates“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП