
Во рамки на третиот работен ден на Конференцијата, г. Антонио Барзашки од Народната банка на Бугарија ги елаборираше клучните аспекти на супервизијата на небанкарските обезбедувачи на платежни услуги, по што следеше вториот дел од презентацијата на г. Карло Виндер од Централната банка на Холандија за надгледувањето на платните системи, во којашто тој опфати повеќе практични прашања и организациски аспекти поврзани со процесот на надгледување на платните системи.



