18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадување на денот, блок трансакциите на Квасара АД Битола

Изненадување на денот, блок трансакциите на Квасара АД Битола

makedonska-berza

Вкупно три блок трансакции беа реализирани на Македонската берза за хартии од вредност во средата, од кои една со акциите на Скопски Пазар АД Скопје, а останатите две со акциите на Квасара АД Битола.

Трговскиот ден беше отворен со блок трансакцијата на Скопски Пазар преку која беа истргувани вкупно 155 акции по цена од 8.960,00 денари со што беше остварен промет од 1,3 милиони денари, а акцијата го зазеде второ место според реализиран промет во средата.

Со акцијата на Квасара беа реализирани две блок трансакции во износ од по 150 акции, по цена од 8.700,00 денари по акција. На регуларниот пазар беа реализирани уште 30 акции, со што со акцијата беше остварен промет од 2,8 милиони денари и беше првопозиционирана акција по остварeн промет.

На страната на обврзниците, единствена тргувана беше обврзницата од 14-та емисија, РМДЕН14 со скромни 2.678 истргувани лотови.

Индексот МБИ10 порасна за 0,12 отсто, додека ОМБ ја намали својата вредност за 0,51 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП