19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот Сенат препорача постепено олеснување на санкциите за Русија

Францускиот Сенат препорача постепено олеснување на санкциите за Русија

франција-сенат

Францускиот Сенат (горниот дом на парламентот), во средата вечерта со убедлив мнозинство гласови ја усвои резолуцијата која повикува на олеснување на санкциите против Русија коишто ги воведе Европската унија под притисокот на САД, поради наводната руска вмешаност во украинската криза и присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

За резолуцијата во Сенатот гласале 302 сенатори, а против биле 16, пренесуваат руските медиум и истакнуваат дека таа има карактер на препораки, но не е обврзувачка за француската влада.

Авторите на текстот ја повикуваат француската влада на разгледување на прашањето за санкциите во рамки на Европската унија да инсистира на постепено омекнување на режимот на рестрикциите за Москва во согласност со напредокот во остварување на договорот од Минск за постигнување мир во југоисточна Украина.

Резолуцијата, исто така, препорачува да се повлечат индивидуалните санкции против руските парламентарци, што ќе го олесни според француските сенатори дијалогот меѓу двете страни.

Од руската страна француските сенатори очекуваат укинување на против мерките, односно ембаргото на увоз на прехранбени и земјоделски производи од Европската унија и другите западни земји, кои го следеа примерот на Вашингтон во наметнувањето санкции против Москва.

Во текот на дебатата сенаторите биле речиси едногласни дека Русија е историски партнер на Франција и дека двете земји имаат тесни културни, економски и дипломатски врски. Истовремено, тие „жестоко ги осудуваат активностите на Москва во однос на Украина“ и инсистираат на имплементација на договореното во Минск за нормализирање на ситуацијата.

Државниот секретар за европски прашања во француското министерство за надворешни работи, Арлем Дезир, кој во дебатата во Сенатот го претставувал ставовите на социјалистичката влада, изјавил дека санкциите против Русија мора да бидат продолжени.

„Да, ние сакаме укинување на санкциите, но по решавањето на ситуацијата во Донбас. Кога Минскиот договор ќе биде целосно исполнет, санкциите ќе бидат укинати“, изјавил Дезир.

Кон крајот на април, резолуција со којашто се повикуваат властите да не го продолжуваат продолжувањето на санкциите на против Русија од страна на ЕУ, усвои и Националното собраниот (долниот дом) на парламентот на Франција.

Санкциите воведен против Русија пред повеќе од две години од страна на ЕУ истекуваат на 31-ви јули, а земјите членки за тоа ќе разговараа на самитот кој ќе се одржи на 28-ми и 29-ти јуни. Меѓутоа, во Брисел се зачестени стравувањата дека по ова прашање ќе има разногласија и оти неколку земји ќе се залагаат за олеснување или укинување на санкциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП