5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Русија не се откажа од Јужен тек

Путин: Русија не се откажа од Јужен тек

putin-juzen

Рускиот претседател Владимир Птуин изјави дека Русија не се откажала „дефинитивно“ од гасоводот Јужен тек или аналогниот гасовод низ Турција, но од Европската унија треба да добие јасен став за тие два проекта.

На состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ја доби информацијата дека нема законски пречки руските компании да учествуваат во експлоатацијата на гасните полиња крај израелскиот брег.

„Постојат одредени политички тешкотии со Турција, тоа е добро познато. Но неповратно не откажавме ниеден од тие проекти, ниту Јужен тек, ниту Турскиот тек“, рече Путин.

„Потребен ние е само јасен став од Европската комисија. Јасен, разбирлив и недвосмислен. Досега тоа не е сторено, за кој и да е од овие проекти“, прецизираше рускиот претседаел.

Русија ги замрзна преговорите околу гасоводот Турски тека чијашто цел е зголемување на извозот на рускиот природен гас во јужна Европа откако во ноември турските воздушни сили соборија руски бомбардер „Су-24“ на сироско-турската граница.

Москва на крајот од 2014 година го стави на страна и проектот Јужен тек, кој исто така требаше да ја снабдува јужна Европа со руски гас заобиколувајќи ја Украина, како резултат на трите ткн „гасни“ војни последната деценија со Киев, поради постојаните забелешки на Европската комисија дека со него се кршеле правилата за конкурентноста.

На прашањето поставено во текот на заедничката прес-конференција со Нетанјаху, што ќе се случи доколку Полска престане да купува руски гас откако ќе истече долгорочниот договор меѓу двете земји, Путин изјави дека Русија во секој случај бара и други пазари.

„Газпром (државната руска енергетска компанија – з.р.) е во потрага по можности…. за подготвување понуди за секој партнер, полски или европски или некој друг, за продажба на количествата кои денес се испорачуваат до полско-белоруската граница по завршувањето на договорот“, одговори Путин додавајќи дека понудата на „Газпром“ може да биде за обем на гас за 10 до 15 години.

„Можеби Израелците ќе го купуваат рускиот гас и ќе го продаваат на Полска“, се шегуваше Путин.

Полскиот министер за енергетика Пјотр Наимски минатиот месец за Reuters изјави дека Полска не планира да го обнови договорот за набавка на руски гас по истекувањето на сегашниот договор со „Газпром“ во 2002 година.

Путин изјави дека Русија досега не добила официјална потврда од полската гасна компанија PGNiG дека ќе престанат да го купуваат рускиот гас по истекот на договорот со „Газпром“.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во јануари изјави дека Јужен тек би требало да биде трансформиран во Бугарски тек со 100-процентна бугарска сопственост на гасоводот. Според него, приоритет на Софија треба да биде гасниот јазол „Балкан“ во близина на црноморското пристаниште Варна. Овој центар, според Борисов, би можел да обезбеди преку два цевковода од Русија по 10 милијарди кубни метри гас годишни, и дополнително од Азарбејџан, како и од наоѓалиштата во Бугарија и Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП