11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП предлага забрана на компаниите регистрирани само со број на поштенско сандаче

ЕП предлага забрана на компаниите регистрирани само со број на поштенско сандаче

parlament eu33

Забрана на компании регистрирани само со број на поштенско сандаче, и подготовка на сеопфатна „црна листа“ на даночните засолништа и држави, вклучувајќи ги и оние во Европската унија – ова се дел од мерките што Европскиот парламент (ЕП) ги препорача во резолуција.

Таа беше усвоена во одговор на предлогот на Европската комисија (ЕК) за директива против избегнување на даноци, соопшти ЕП.

Директивата го следи принципот дека даноците треба да се плаќаат таму каде што е генериран профитот. Таа предвидува мерки за блокирање на методите кои компаниите ги користат најчесто за да се избегне плаќањето на даноците.

Европратениците сметаат дека приходите пренесени од ЕУ во трета земја и оданочени таму, не треба да се целосно ослободени од оданочување. Тие нудат стапка од 15%. Па така, ако странскиот приход се оданочува со пониска даночна стапка надвор од ЕУ, тогаш разликата во сумите ќе треба да биде платена.

Препораките вклучуваат:

– Изготвување на сеопфатна „црна листа“ на даночните засолништа и држави, вклучувајќи ги и оние во ЕУ. Таа ќе биде проследена со листа на санкции за јурисдикциите кои не помагаат и за финансиските институции кои вршат дејност во рамките на даночни засолништа;

– Брзо воведување на заедничка консолидирана основа за оданочување со данок на добивка;

– Ограничување на одбивањето на трошоците за заеми само до 20% од приходите на даночниот обврзник или до одреден износ од 2 милиони евра – што е повисоко од двете;

– Поголема транспарентност на доверителските фондови и фондации;

– Воведување на заеднички метод за пресметување на ефективната стапка за корпоративниот данок во секоја земја членка, па да се даде можност за споредба низ целата ЕУ;

– Прекуграничен механизам за решавање на даночни спорови со јасни правила и рокови, кој ќе биде воведен до јануари 2017-та година;

– Создавање на усогласен, општ европски број за идентификација на даночниот обврзник, кој ќе послужи како основа за ефективна автоматска размена на информации помеѓу даночните администрации на земјите членки.

Предлогот е за директива на Советот, кој земјите членки ќе треба да донесуваат со едногласност.

Меѓу 160 и 190 милијарди евра годишно губат земјите од ЕУ од легалните начини за избегнување на корпоративното оданочување, според претставените податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП