24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПокрената иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта

Покрената иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта

parkinzi3335

Директорите на јавните претпријатија „Паркинзи на општина Центар“, „Паркиралишта Струмица“ и „Куманово Паркинг“, Саша Богдановиќ, Верица Узунова и Фадиљ Шабани, денеска потпишаа Иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта.

Потпишувањето на иницијативата е со цел да се воспостави партнерство во дејноста што се однесува на управувањето со јавните паркиралишта и обезбедување и олеснување на пристапот до услугите од областа на комуналните дејности.

„Со формирање на оваа Асоцијација ќе се подигне свеста за безбедноста во јавниот сообраќај и заштитата на животната средина на целата територија и ќе се создадат услови за унифицирана имплементација на иновациите од информатичката технологија во тековното работење на јавните претпријатија за јавни паркиралишта основани од единиците на локалната самоуправа на Република Македонија“, рече Саша Богдановиќ, директор на ЈП „Паркинзи на општина Центар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП