6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУрбан велосипедски полигон за деца во Парк Македонија

Урбан велосипедски полигон за деца во Парк Македонија

poligon 333

Урбан велосипедски полигон за деца официјално денес беше пуштен во употреба во Парк Македонија.

На отворањето на полигонот, што е донација на Стопанска банка од Скопје, присуствуваа Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и генералниот директор за банкарство на мало од Стопанска банка, Милица Чапаровска Јовановска.

„Идејниот проект за урбаниот велосипедски полигон за деца е од едукативен карактер, односно има за цел децата да ги научат сообраќајните знаци и сообраќајните правила“, рече на отворањето скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Милица Чапаровска Јовановска, генералниот директор за банкарство на мало од Стопанска банка изјави дека ова е ретка можност ваков јавен простор да биде оплеменет и трансформиран во катче за рекреација, забава и едукација за најмладите.

Велосипедскиот полигон за деца е со површина од 660 кавадратни метри, со должина на патека од 270 метри и урбана опрема: бампери, рампа, паркиралиште за велосипеди, нишалки, лизгалки, дрвена куќарка, површини исполнети со песок, клупи за седење, пикник маси и корпи за отпадоци.

Велосипедската патека за деца е во должина од 270 метри и 120 сантиметри ширина, којашто од двете страни има тротоар од по 50 сантиметри за нивните учители, помагатели. Подлогите за возење на патеката се од три различни типови, каде што најдолгиот потег е од лиена гума, на бетонска подлога во широчина 120 сантиметри, со калдрма од двете страни по 50 сантиметри, коишто симболизираат тротоари, вториот потег е калдрма, а третиот потег е од дрво, односно  дрвено мовче. Со ваквата комбинација на матријали за подлога ќе се подготват идните велосипедисти за возење на различен терен.

Во тревните површини околу паркингот за велосипеди и зоната со нишалки се поставени 12 клупи за седење, 4 сетови од пикник маси и клупи за седење и корпи за отпадоци. Во изградбата на овој едукативен полигон беа користени еколошки материјали. Вредноста на овој проект изнесува 1.234.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП