18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри нови услуги на контакт-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности

Три нови услуги на контакт-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности

катастар-нови-услуги

Три нови услуги на контакт-центарот промовираше во среда Агенцијата за катастар на недвижности(АКН).

Станува збор за Онлајн-исправка на техничка грешка, Закажи состанок и Модул „Кампања“.

Онлајн-исправка на техничка грешка овозможува граѓаните по електронски пат, преку е-пошта [email protected] или преку бесплатната телефонска линија 080080800 да пријават техничка грешка на податоците во Катастарот, со што таа ќе биде разгледана и исправена, а граѓанинот ќе биде благовремено информиран.

„Втората новина ‘Закажи состанок’ овозможува граѓаните само со еден повик на бесплатната инфо-линија 0800 80 800 да закажат состанок со раководно лице од Катастарот во точно утврдено време со кое ќе може да изврши консултации во врска со предмет од интерес на граѓанинот или стручен совет за решавање на некој имотно-правен проблем“, соопшти директорот на Катастарот Славче Трпески.

Третата новина, новиот модул „Кампања“ овозможува масовно информирање на клиентите за одредени теми, новости, промени итн.

Според Трпески, целта за формирање на новите сервиси и модули е граѓаните и бизнис-заедницата да ги добијат услугите од Катастарот на брз, ефикасен и економичен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП