20 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЖивотот на просечниот работник: 6 работни места, 9 зголемувања и една афера...

Животот на просечниот работник: 6 работни места, 9 зголемувања и една афера на работа

overworked_office_worker

Просечниот работен век на поединецот денес сочинува вкупно шест работни места, односно промена на дури шест различни компании. Освен тоа, работникот на работа доживува девет зголемувања на платата и три тешки кавги со колегите, покажа студијата на британската компанија Association of Accounting.

Таа се однесува на генерациите на вработени кои се вработиле во изминатите 10 години и оние кои ќе се вработуваат во иднина, а покажува тренд на модерното време – луѓето повеќе не остануваат цел работен век на само едно место, туку ги менуваат компаниите, без оглед дали поради отказ или подобра прилика.

Доцнење и боледување

Исто така, на работното место сеуште се доживуваат љубовни романси, а секој човек во просек има барем една врска во животот со колега или колешка, покажа студијата спроведена на повеќе од 2000 лица.

Исто така, работниците во текот на својата кариера ќе задоцнат околу 141 пат, но и ќе поминат околу 94 дена на боледување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП