18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржани МАСИТ ИКТ Награди 2016

Одржани МАСИТ ИКТ Награди 2016

ikt

Во рамките на своите активности Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и оваа година ги организираше „МАСИТ ИKТ Наградите“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија.

МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance), првонаградените решенија ги номинира на “Global ICT Excellence Awards”, избор на награди кој се одржува на секои две години на светско.

Оваа година, „МАСИТ ИKТ Наградите“ опфатија 10 решенија во следниве категории:

  • Решение во јавен сектор
  • Решение во приватен сектор
  • Решение за дигитални можности
  • Решение за одржлив раст
  • Извонредни мобилни решенија

 

Компанијата BRANSYS го претстави своето решение Claxi во категоријата „Извонредни мобилни решенија“ и го освои првото место.

Македонски Телеком ги претстави своите решенија за интероперабилност, системи имплементирани во возилата на ЈСП Скопје, MaxTV Go, MobiPay и консолидација на WAN и IP телефонија во Стопанска Банка АД Битола; ASPEKT го презентираа нивниот CRM софтвер; 4 Виртус ни го претстави Fueloyal; додека Горд системи го презентирааа нивното решение за јавни набавки. Семос Едукација го презентираше својот проект за обучување на напредни ИТ вештини за невработени лица.

Првопласираните 5 решенија (Claxi на Брансис, Fueloyal на 4Виртус, Системи имплементирани во возилата на ЈСП Скопје на Македонски Телеком, Решение за јавни набавки на Горд системи и Решение за интероперабилност на Македонски Телеком) ќе бидат номинирани на овогодинешните WITSA – Global ICT Excellence Awards, кои ќе се одржат на 4ти октомври во Бразилија, Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП