ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ ја намали прогнозата за раст на светската економија

СБ ја намали прогнозата за раст на светската економија

svetskabankaworldbankfk439-ugt

Светска банка(СБ) ја намали својата прогноза за раст на светската економија за оваа година.

Банката сега предвидува дека растот оваа година ќе достигне 2,4 отсто, додека во јануари предвидуваше 2,9 отсто, што беше исто како и во текот на 2015 година.

Голем проблем е што земјите извознички на суровини се борат со ниските цени.

За американската економија се очекува раст од 1,9 отсто, додека во 2015 година беше 2,4 отсто.

Во еврозоната се очекува раст од 1,6 отсто, исто како и минатата година.

Прогнозата за Кина остана на раст од 6,7 отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП