20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ќе отпочне да наплаќа присилно за Радиодифузна такса

УЈП ќе отпочне да наплаќа присилно за Радиодифузна такса

ujp

“Ги повикуваме граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со активности и постапки за присилна наплата. Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат”, се вели во објавата на веб-страната на Управата за јавни приходи.

Како да проверите дали имате долгови за РДТ?

– УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ.

– Препорачуваме граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Како наједноставно да платите Радиодифузна такса?

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp
Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП