6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Грција падна за 0,5 проценти во првиот квартал

БДП на Грција падна за 0,5 проценти во првиот квартал

атина-грција

Грчката економија во првиот квартал од тековната година падна за 0,5 проценти во однос на претходниот квартал, соопшти денес европската служба за статистика Еуростат.

Во однос на истиот период 2015 година, бруто домашниот производ (БДП) на Грција, според десезонираните податоци, падна за 1,9 проценти во периодот јануари-март 2016 година, пренесува грчката агенција АНА.

Во истиот период, економијата на еврозоната порасна за 0,6 проценти, а БДП на Европската унија за 0,5 проценти во однос на четвртиот квартал од 2015 година.

На годишно ниво, БДП на еврозоната порасна за 1,7 проценти, а 28-члената Унија за 1,8 проценти, соопшти Евростат.

Економскиот раст во еврозоната во голема мера се потпираше на потрошувачката на домаќинствата, која порасна за 0,6 проценти, додека потрошувачката во ЕУ скокна за 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП