24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на европските берзи продолжуваат да растат

Цените на акциите на европските берзи продолжуваат да растат

berzi ey3

Цените на акциите на европските берзи во вторник зајакнаа, предводени со акциите во рударскиот и нафтениот сектор, откако Федералните резерви (Фед) не соопштија конкретна временска рамка во која каматите во САД би можеле да бидат подигнати.

Лондонски FTSE индексот зајакна 0,18 отсто на 6.284 бодови, франкфуртски DAX 1,65 отсто на 10.287 бодови, а париски CAC 1,19 отсто на 4.475 бодови.

Растеше и побарувачката на акции на компаниите поврзани со суровини.

Берзанскиот индекс на акциите на секторот на базни суровини е зголемен два отсто, бидејќи цените на бакарот се задржале близу до највисокото ниво речиси четири недели.

На добивка од 1,6 отсто беше и индексот во енергетскиот сектор, заради растот на цената на нафтата на светските пазари.

Од поединечните добитници се издвојуваат рударските компании BHP Billiton, Rio Tinto и Glencore, со растот на цената на акциите во распон од 2,1 до 2,7 отсто.

На добивка од 2,5 отсто биле и акциите на нафтениот гигант Royal Dutch Shell.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП