7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетскиот караван на ДПМ во Велес во чест на Кочо Рацин

Поетскиот караван на ДПМ во Велес во чест на Кочо Рацин

koco-racin

Друштвото на писателите на Македонија, во среда, во Велес ќе ја одбележи 73-годишнината од трагичната погибија на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин.

Поетите на ДПМ на овој начин ќе изразат почит кон големото револуционерно и литературно дело на Кочо Рацин кое е од редот на најсветлите страници на македонската национална и културна историја.

По овој повод во библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес во 12 часот ќе настапат 20 поети, членови на ДПМ од различни генерации. Средбата ќе ја отвори Игор Крајчев, член на Собранискиот одбор на ДПМ, а потоа стихови ќе читаат поетите: Веле Смилевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Раде Силјан, Кристина Николовска, Санде Стојчевски, Делвина Керлуку, Игор Крајчев, Димитар Пандев, Иван Чаповски, Сеида Бегановиќ, Иван Антоновски, Стојан Тарапуза, Братислав Ташковски, Павлина Климкар Меанџиева, Бранко Цветкоски, Борче Панов, Филип Клетников, Олга Панкина, Паскал Гилевски и
Јовица Илиќ.

Поетскиот караван ДПМ го реализира во рамките на проектот за дисперзија на културните вредности во земјата. Дел од оваа манифестација е посветен на книжевните великани Константин Миладинов, Кочо Рацин, Ацо Караманов, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски и Петре М. Андреевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП