2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиту една земја-кандидат за еврозоната не ги исполнува условите

Ниту една земја-кандидат за еврозоната не ги исполнува условите

euro3355

Ниту една од седумте земји кандидати за влез во еврозоната, не ги исполнува критериумите за членство. Ова се наведува во извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ), цитиран од финансиското издание „Marketwatch“.

Според извештајот, иако и економиите на Полска, Чешка, Хрватска, Унгарија, Бугарија, Романија и Шведска се стабилни, нивното законодавство не ги исполнува стандардите на ЕЦБ. Во текстот на ЕЦБ се наведува дека седумте земји ги „почитуваат повеќето од квантитативните економски критериуми, но ниту една од нив не ги исполнува сите обврски поставени во договорот, вклучувајќи ги и правните критериуми за сличност“.

„Во ниту една од седумте земји правната рамка не е целосно компатибилна со сите барања за прифаќање на еврото“, изјавија од европската банка.

„Недоследности остануваат во однос на независноста на централните банки, најмногу во врска со институционалната и финансиската независност на централните банки“, се вели во извештајот.

Текстот на ЕЦБ, кој треба да биде објавен најмалку еднаш на две години, вели дека ќе биде потребно време пред еврозоната да се прошири надвор од сегашните 19 членки држави.

Извештајот сепак не ги гледа Данска и Велика Британија, кои, иако се членки на ЕУ, имаат посебен договор, што не бара од нив да се приклучат на единствената валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП