5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТивко и мирно на Македонската берза

Тивко и мирно на Македонската берза

berza-makedonija-makedonska-berzi

Вторничкото тргување на Македонската Берза за хартии од вредност, слично како и претходниот трговски ден, заврши со промет од 3,5 милиони денари реализирани преку 25 трансакции.

Од акциите, со промет од 1,5 милиони денари (45 отсто од вкупниот промет реализиран денес на МСЕ), Скопски пазар беше најтргувана хартија од вредност. Вкупно 180 акции беа истргувани, а вредноста на акцијата забележа пад од 2.61 отсто.

Двата индекса го завршија денот во позитивна територија: МБИ10 порасна за 0,03, додека ОМБ за 0,05 проценти.

На страната на обврзниците, со скромен обем од околу 96 илјади денари, РМДЕН11 и РМДЕН14 беа единствени истргувани обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП