7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИT-Mobile US им нуди на претплатниците бесплатни акции

T-Mobile US им нуди на претплатниците бесплатни акции

t-mobile-us-akcii

Компанијата T-Mobile US, американскиот огранок на Deutsche Telekom, ќе им понуди на околу 10 милиони свои претплатници бесплатни акции во настојувањата да го зголеми пазарниот удел и да ги мине поголемите конкуренти.

Претплатниците би добиле по една акции, којашто во моментов чини 43,07 долари, со можност за добивање дополнителни 100 акции доколку привлечат нови корисници. Од T-Mobile US истакнуваат дека некои поедини лојални корисници ќе може да добијат и по две акции по привлечен нов претплатник.

Американскиот пазар на мобилната телефонија е презаситен и компаниите водат огорчена војна со цените и со сите средства настојуваат да го зголемат сопствениот пазарен удел.

T-Mobile US, третиот според големината мобилен оператор во САД зад Verizon и AT&T, има репутација на иновативна компанија. На своите корисници, така, им нудат можност за бесплатен видео стриминг, подароци, поврзување со агенцијата за купување влезници за разни настани StubHub и планирање на сообраќајот со податоци.

„Тоа досега не го сторила ниедна компанија чии акции се ставени на берзата“, изјави извршниот директор Џон Леџер за BBC News.

Директорот на маркетингот на T-Mobile US, Ендрју Шерард, изјави за Reuters дека некои „бесплатни понуди“ ќе ја чинат компанијата извесна сума, но дека сметаат оти со текот на времето ќе се покаже како добра инвестиција.

Американската филијала на Deutsche Telekom притоа објави дека во првиот квартал од годинава го зголемил бројот на корисниците за 2,2 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП