18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамаленото снабдување и послабиот долар ја подигнаа цената на нафтата над 51...

Намаленото снабдување и послабиот долар ја подигнаа цената на нафтата над 51 долар

nafta 83

Цените на нафтата ја минаа во вторникот на светските пазари нивото од 51 долар, поткрепени од слабиот американски долар и намаленото снабдување од Нигерија, поради нападите врз тамошните нафтени постројки.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 67 центи во однос на претходно затворање, на 51,22 долари. На американскиот пазар цената на барелот беше во плус од 60 центи и изнесуваше 50,29 долари за барел.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одвоено објави дека референтната цена на барелот од кошницата нејзина нафта во понеделникот изнесувала 46 долари, што значи дека пораснала за 27 центи во однос на претходниот трговски ден.

Американскиот долар се спушти близу најниското ниво во последните месец дена, имајќи предвиде дека гувернерката на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џенет Јелен, не посочи кога би можело да бидат подигнати клучните каматни стапки во САД. Слабиот долар значи и поголема куповна моќ за имателите на другите валути, па ја поддржува побарувачката на нафта и на други стоки чиишто цени се искажани во долари.

Силната поддршка на цените им пружи и намаленото производство во Нигерија, за проценетите 170.000 барели дневно, поради серијата напади врз тамошната нафтена инфраструктура. Овој податок се надоврза на ветувањата од Саудиска Арабија дека нема да го преплави пазарот со својата нафта, и најавата за отворањето на рафинериите во Франција чија работа е во прекин поради масовните штрајкови.

„Цената во Лондон се движи над нивото од 50 долари и општиот тренд е нагорен, имајќи го предвид отворањето на рафинериите во Франција, затворени поради штрајковите, и нападот врз нафтоводите во Нигерија“, толкува за Reuters Канаме Гокон од токиската брокерска куќа „Okato Shoji“.

Поддршка на цените на нафтата даде извештајот на „Genscape“ за минатонеделното намалување на резервите во американскиот нафтен јазол во Кушинг за 1,08 милиони барели.

Вниманието на пазарите сега се свртува кон извештаите на Американскиот институт за нафта (API) и на владата во Вашингтон за резервите во САД. Се очекува дека денешниот извештај на API ќе покаже пад на комерцијалните резерви на нафта за 3,5 милиони барели, покажува истражувањето на Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП