18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Австралија не ja промени основнaта каматна стапка

Централната банка на Австралија не ja промени основнaта каматна стапка

australija-sidnej-foto-profimedia-1461064275-889873

Австралискиот долар поскапе до 4-неделен врв, а државните обврзници поевтинија, откако централната банка не ја намали основната каматна стапка од рекордно ниските 1,75%, пишува „Bloomberg“.

Утрово валутата ја зголеми вредноста со 0,83% во однос на американскиот долар до 0,7427 долари. Приносот по 10-годишните државни хартии од вредност се зголемија за два базични поени до 2,2%.

Австралискиот долар поскапе во последната недела, откако економијата се прошири со повеќе од очекувањата на аналитичарите, трговскиот дефицит се намали, а трејдерите ги намалија облозите дека оваа година Федералните резерви на САД ќе ги укине каматните стапки по разочарувачкиот извештај за вработеноста во најголемата економија во светот.

graf3883

Во мај Централната банка на Австралија стави крај на паузата која траеше една година и ја намали основната каматна стапка на рекордни 1,75%, во обид да го заживее растот. Оттогаш економските податоци се посилни во споредба со прогнозите.

Во првото тримесечје економијата порасна со најбрзото темпо по четири години, а невработеноста остана на најниско ниво од септември 2013-та година.

Има 58% веројатност Централната банка на Австралија да ја промени основната каматна стапка до крајот на годината во однос на таквата од 71%, која важи до крајот на минатата недела, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП