21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВестите од Фед ги подигнаа индексите на Волстрит

Вестите од Фед ги подигнаа индексите на Волстрит

image-volstrit

Цените на акциите на Волстрит во понеделник пораснаа, откако претседателот на американската централна банка(Фед) Џенет Јелен и натаму искажува оптимизам во врска со американската економија, но не најави зголемување на каматите.

Dow Jones зајакна 0,64 отсто, на 17.920 бодови, додека S&P 500 порасна 0,49 отсто, на 2.109 бодови, а Nasdaq индексот 0,53 отсто, на 4.968 бодови.

S&P 500 индексот го достигна во понеделник највисокото ниво во последните седум месеци, па сега е само 20-сеттина бодови оддалечен од највисокото ниво во историјата, достигнато во мај минатата година.

Тоа е благодарение на оптимистичките коментари на Јелен во врска со растот на економијата.

Јелен извештајот за вработувањата во САД во мај го нарече разочарувачки, но додаде дека не треба да му се придава премногу значење на само еден извештај.

До петокот се сметаше дека постојат големи шанси Фед да ги зголеми каматните стапки во јуни или јули, но откако беше објавен слабиот извештај од американскиот пазар на труд, тие шанси спласнаа, па многу аналитичари сметаат дека каматните стапки би можеле да бидат зголемени дури на есен, што краткорочно оди во прилог на берзите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП