12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие реченици ќе ве прикажат како помалку стручни

Овие реченици ќе ве прикажат како помалку стручни

Young Businessman Thinking and Wondering While Writing a Paper

Колку и да сте стручни, често се случува вашето претставување пред другите да не е на нивото на вашите работни способности.

Како што пишува Mashable, често се случува несвесно да изговориме реченици со кои всушност ја негираме својата стручност, а ова се некои од нив, па затоа избегнувајте ги:

1. Не знам

Иако не можете да знаете се во секое време, сепак, кога на колегите ќе им кажете „не знам“, може да стекнат впечаток дека не сте личност дорасната за работата.

2. Морам да го прашам шефот

Без оглед на хиеархиската позиција во вашата компанија, за одредени акции морате да преземете одговорност, а не се да оди преку вашиот шеф.

3. Не сум сигурен

Дури и кога не сте сигурни во нешто, кога тоа гласно и јасно ќе го кажете другата страна би можела да стекне впечаток дека не сте стручни.

4. На мене ми одговара кога ви одговара и на вас

Навистина? Што доколку другата страна закаже состанок во 4:30 наутро? Морате да го почитувате своето време и да ги договарате состаноците со меѓусебно разбирање.

5. Јас сум….

Во ред е ако во приватните контакти се претставите само со името. Но, на работа важно е да започнете со името, да продолжите со презимето и одделението во кое работите (на пример : јас сум Џон Смит од оделот за продажба).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП