22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Лудиот пазар на луксузен имот

График на денот: Лудиот пазар на луксузен имот

luskimot232

Глобалниот пазар на луксузни имоти е прилично нестабилен. Во турбулентната 2009-та година, на пример, има извонреден диференцијал од 97 процентни поени во промената на цените на луксузните имоти, коментира „VisualCapitalist“. Некои пазари забележаа раст од 30%, но други – падови од над 60%. А тоа е прилично голем маргина за имот, која чини по неколку милиони.

Тоа го покажува последното издание на „Wealth Report“, годишен извештај на глобалната консултантска куќа во недвижностите „Knight Frank“, која се фокусира на ултрабогатите во светот.

Пазарот на луксузни имоти лани очигледно бил помалку нестабилен, наспроти веќе споменатиот период, но сепак е позначаен.

Во Ванкувер, кој во моментов е обземен манија за имоти, цените на луксузните имоти скокнаа за 25% во 2015-та година. Градот сепак не е исклучок од овој тренд. Според „Royal Lepage“, друга компанија за недвижности која ги покрива канадските луксузни пазари во поголема длабочина, имотите поскапеле со 125% од 2005-та до 2015-та година. Во исто време, растот во Торонто за истиот период е од 69%, а во Монтреал – 58%.

Најголемиот раст на цените на луксузните имоти е во Лагос, Нигерија. Африканската метропола со 16 милиони луѓе е најголемиот град на континентот и најбрзо растечки во светот. Таму сепак луксузните имоти се поевтини за 20%.

luskimot2334

Во однос на т.н. градовите од „светска класа“ Буенос Аирес, ака „Париз на Јужна Америка“, забележа најголем пад на цените – 8%. „Knight Frank“ забележува дека падот се должи главно на валутата и проблеми со пристапноста. Интересно е што пазарот таму се следи веќе некое време, откако новиот претседател на Аргентина Маурисио Макри го презеде лидерството на земјата во декември 2015-та година.

Сан Франциско е на второ место по Ванкувер во светот со раст на цените на луксузните имоти од 10,9% во минатата година. Торонто оствари зголемување од 8%, а Лос Анџелес и Њујорк се со доста скромно претставување од соодветно 4,7% и 2,4%.

Чикаго се претстави најлошо меѓу градовите од Северна Америка, а индексот на „Knight Frank“ не забележува промена во луксузните имоти во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП