Водечките индекси на европските берзи во понеделник пораснаа најмногу благодарејќи на растот на цените на акциите во рударскиот и нафтениот сектор, иако многу инвеститори се внимателни пред скорешниот референдум стравувајќи дека Британците би можеле да гласаат за излез од Европската унија(ЕУ).
Лондонски FTSE индексот зајакна 1,03 отсто, на 6.273 бодови, додека франкфуртски DAX порасна 0,18 отсто, на 10.121 бод, а париски CAC 0,04 отсто, на 4.423 бодови.
Во петокот слабите вести од американскиот пазар на труд, од само 38.000 нови работни места во мај, го погодија курсот на доларот, што за возврат ги поддржа цените на акциите во секторот на суровини, со оглед на фактот дека слабиот долар ја поевтинува стоката чија цена е искажана во таа валута.
Цените на акциите на рударските компании како Anglo American, Rio Tinto и BHP Billiton поскапеа повеќе од пет отсто, бидејќи цените на бакарот пораснале на највисокото ниво во речиси четири недели.