27 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на стихозбирката „Посланија и риданија“ од Кочо Топузоски

Промоција на стихозбирката „Посланија и риданија“ од Кочо Топузоски

stiho33

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, денес во 19 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Посланија и риданија“ од Кочо Топузоски, издание на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје.

На страниците од своето најново поетско дело авторот застапува седумдесеттина песни, во кои пее за судбински теми од нашата историја и сегашност.

Изданието ќе го промовира проф.д-р Кристина Николовска, а стихови ќе интерпретира артистот Александар Џуровски, со музичка придружба на Христо Христоски-Мулар.

Водител е Антонио Павловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП