22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и Британија најтранспарентни извозници на пешадиско оружје

Германија и Британија најтранспарентни извозници на пешадиско оружје

но-нумбер

Германија и Велика Британија во 2013 година биле најтранспарентните извозници на пешадиско оружје, додека Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати не дале ниеден податок за својот извоз, покажува извештај на групата Small Arms Survey објавен во понеделникот во Њујорк.

Годинешниот извештај за трговијата со пешадиско оружје и транспарентноста, кое ја анализира 2013 година, која е последната година со достапни податоци, покажува дека трговијата со ваквото вооружување споменатата година достигнала околу 5,8 милијарди долари, што е пораст од 17 отсто во споредна со претходната 2012 година.

САД, Италија и Германија се најголемите продавачи, со извоз поголем од 500 милиони американски долари. САД истовремено се и најголем купувач, увезувајќи пешадиско оружје за околу 2,5 милијарди долари.

Извештајот пешадиското оружје го дефинира како единици или системи кои може да ги носи поединец, мала група луѓе, животно или лесно возило.

На Блискиот исток во 2013-та било испорачано 84 отсто повеќе пешадиско оружје во однос на претходната година, а овој регион на таквото вооружување потрошил 630 милиони долари.

На врвот на барометарот на транспарентноста кој во извештајот ги прикажува практиките на извозниците на оружјето се Германија и Велика Британија со 19.75 од 25 поени. Критериумот вклучува навременост, јасност и пристап до информациите за извозот.

Просечната оцена на 49-те држави кои се вклучени во истражувањето изнесува 11 поени. Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се на дното со 0 поени, поради недавањето податоци.

„Ова покажува дека многу голем извозници на оружје не се отворени околу одлуките за авторизација или одбивање на трансферот на оружје“, вели истражувачот Николас Флорквин.

Оружјето за коешто станува збор се дели на пешадиско оружје и лесно вооружување. Пешадиското оружје вклучува револвери, пиштоли, јуришни пушки и автомати. Лесното вооружување вклучува тешко автоматско оружје, ракетни фрлачи, преносни противвоздушни и противтенковски топови, како и мобилни ракетни системи.

Групата Small Arms Survey со седиште во Женева го врши ова истражување за транспарентноста на продажбата на оружје со поддршка на владите на неколку земји од ЕУ, меѓу кои Германија, Норвешка, како и на Канада. САД, Австралија, Нов Зеланд и ОН, исто така, ги промовираат и поттикнуваат проектите на групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП