26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на доларот го поткрепи растот на цените на нафтата

Падот на доларот го поткрепи растот на цените на нафтата

naf 33

Цените на сировата нафта пораснаа денеска на светските пазари, поткрепени од падот на вредноста на американскиот долар, а побарувачката би можела да ја зајакнат и нападите врз нигериските нафтени постројки, кои ја намалија понудата од Нигерија.

Цената на барелот сирова нафта на лондонскиот пазар порасна за 63 центи, на 50,27 долари, додека на американскиот пазар беше во плус 60 центи и изнесуваше 49, 22 долари за барел.

Учесниците во тргувањето истакнуваат дека цените пораснале по остриот пад на вредноста на доларот во петокот, откако слабите американски податоци за вработеноста во мај предизвикаа загриженост за кондицијата на најголемата светска економија и ги издишија очекувањата за скорешно подигнување на американските каматни стапки. Трговците сега го очекуваат говорот, подоцна во понеделникот, на челничката на американската централна банка, Џенет Јелен, во потрага по навестувања за натамошното движење на каматите.

Послабиот долар ја поддржува побарувачката на горива во остатокот од светот, бидејќи тоа оваа суровина, чијашто цена е изразена во американска валута, ја чини поевтина за другите земји. Воедно, со почетокот на светиот месец Рамазан, се очекува поголема побарувачка на годинава во мнозински муслиманските земји, што исто така ги зголемува цените.

Цените на нафтата добиваат поткрепа и од нападите врз нафтената инфраструктура во Нигерија, чиешто производство веќе се наоѓа на најниските нивоа во повеќе од дваесет години.

Досега намалените испораки од земјите како Нигерија и Либија беа надоместувани со растот на производството на Блискиот исток, особено Иран кој го зголемува производството откако во јануари му беа укинати децениските меѓународни санкции. Но Иран се враќа на меѓународните пазари побрзо отколку што се очекуваше, и забрзано се приближува до својот максимален производствен капацитет. А тоа значи дека натамошното нарушување на глобалното снабдување може повеќе нема да може да биде компензирано со растот на иранското производство.

Од друга страна, пак, растот на цените на нафтата го ограничуваат знаците за зголемувањето на производството во САД. Бројот на постројките за дупчење таму е зголемен за девет во седмицата до 3-ти јуни, подигнувајќи го вкупниот број на 325. Сепак, тоа е уште далеку под 642 постројки, колку што ги имаше на почетокот од годинава, објави компанијата „Baker Hughes“. И покрај тоа, американското производство на сирова нафта паднало до јануари за 5,4 отсто, односно за речиси 10 проценти од 2015 година, на 8,74 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП