18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел e шеста година по ред највлијателната жена според Forbes (видео)

Меркел e шеста година по ред највлијателната жена според Forbes (видео)

Merkel-Angela333

Шеста година по ред германскиот канцелар Ангела Меркел ја предводи листата на списанието „Forbes“ на највлијателните жени во светот, пишува „BBC“.

По неа следуваат кандидатот за претседател на САД, Хилари Клинтон и претседателот на ФЕД Џенет Јелен, кои се соодветно на втора и трета позиција.

Оваа година интересно е силното претставување на кинескињите – во рангирањето се најдоа рекордни 9 жени од Кина.

По земји САД доминира на листата со вкупно 51 жени во неа, а Кина е на второ место благодарение на Луси Пенг, виш директор на гигантот за електронска трговија „Alibaba“, и Маргарет Чан, генерален директор на Светската здравствена организација, кои се рангирани на предните позиции.

Меѓу кинеските претставнички од понежниот пол во листата спаѓаат уште Полјана Чу, извршен директор на хонконгската финансиска компанија „Kingston Securities“, како и првата дама на Кина Пенг Лијоан.

Рангирањето вклучува вкупно 100 жени од 29 земји од различни сектори, како политика, бизнис, технологија и филантропија. Жените во листата контролираат вкупно 1 илјади милијарди долари и влијаат на повеќе од 3,6 милијарди луѓе во светот.

Во листата спаѓаат 32 главни извршни директори, 12 светски лидери и 11 милијардерки, вклучувајќи девет, кои од нула го граделе бизнисот од милијарди долари.

Просечната возраст на дамите на листата е 57 години. Најмладата претставничка е 41-годишната Мариса Мајер, извршен директор на „Yahoo“, а 90-годишната англиската кралица Елизабета Втора е највозрасната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП