26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија ја зголеми цената на нафтата за САД , ја намали...

Саудиска Арабија ја зголеми цената на нафтата за САД , ја намали за Европа

nafta 56

Саудиската државна нафтена компанија „Saudi Aramco“ ја намали цената на нафтата за Европа, а ги зголеми тарифите за САД, пишува весникот Wall Street Journal, повикувајќи се на тврдења на клиентите на овој снабдувач со нафта.

За северозападниот регион на Европа саудиската нафта поевтини за 35 центи, а за Средоземјето за десет центи. Истовремено барелот нафта за САД поскапе за десет центи. За 35 центи зголемена е цената и за земјите од Далечниот исток (североисточна, источна и југоисточна Азија).

Стручните коментатори на Wall Street Journal потсетуваат на традиционалното зголемување на цените на нафтата во второто полугодие. Нејзиното намалување за низа земји весникот го поврзува со зголемувањето на конкуренцијата на нафтата од Иран, кој минатата зима ги обнови своите испораки на „црното злато“ во Европа. Во моментов дневниот извоз на иранска нафта во Европа веќе достигна 400.000 барели.

Економскиот совет на саудиската влада го одобри планот за започнување реформи во економијата на земјата, кој ќе биде дел од проектот стратешки реформи „Погледи 2030“. Овој проект е инициран за темелното преструктуирање на економијата на Саудиска Арабија, со цел да се намали зависноста од приходите од нафта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на состанокот на Виена на 2-ри јуни не успеаја да постигнат договор за замрзнување на производството на нафта, за да го урамнотежат со намалената побарувачка којашто ги притиска цените на „црното злато“ на ниски нивоа. Следниот самит на картелот е закажан за 30-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП