ЕКОНОМИЈА

Во мај нема промена на индексот на цените на угостителските услуги

ugostiteli888

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2016-та година, во споредба со април 2016-та година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2016-та година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2016-та година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015-та година е зголемен за 0.1%.