2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредиторите на Грција ќе оценуваат што досега е постигнато

Кредиторите на Грција ќе оценуваат што досега е постигнато

grcija evro 003

Работната група на Еврогрупата – организацијата на министрите за финансии од еврозоната, на вонредна седница ќе го разгледа досега постигнатото од грчките власти. Очекувањата се дека официјално ќе биде одобрено доделувањето на нова транша од договорот по третата спасувачка програма за земјата, потпишан минатото лето, пишува „Ana Mpa“.

Според досегашните барања Атина ќе добие на 13-ти јуни 7,5 милијарди евра. Така земјата ќе успее да ги задоволи обврските за кредитите и да избегне ново стартување на темата за „Grexit“ – излез од еврозоната.

Преговорите за имплементацијата на програмата продолжија подолго од очекуваното, но на крајот грчката влада успеа да ги убеди кредиторите дека ги исполнува условите. Премиерот Алексис Ципрас пак им помогнал со потребните реформи, иако со кревкото мнозинство од само тројца пратеници во 300-члениот грчки Парламент.

Барањата на кабинетот на „Сириза“ сега се за промена во политиката – партијата ќе се „отвори“ кон луѓето и ќе предизвика социјални механизми со кои размислува да ги направи новите штедење потолерантни. Плановите во таа насока се особено важни со оглед на зголемувањето на даноците и осигурувањата, кои доведоа до поскапувањето на животот кај нашиот јужен сосед.

Така партијата ќе се обиде да се справи со растечката недоверба од страна на Грците, кои ја избраа „Сириза“ на два пати по ветувањата за крај на кризата, простување на долговите и социјална поддршка за сиромашните.

Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека левичарската партија заостанува сериозно зад опозициската „Неа демократија“. Во исто време, сепак, некои од политиките добиваат и силна поддршка од Грците. Една од нив пример е забраната на политичари од вишиот ешалон да учествуваат во управувањето или да имаат сопственост во компании регистрирани во странство.

Студија на „Palmos Analysis“ покажува дека 70% од испитаниците ја поддржуваат промената во законодавството. Исто толку го осудуваат однесувањето на најголемата опозициска партија, која одлучи да ја напушти пленарната сала за време на дебатите и гласањето на законот, додава „Ana Mpa“.

„Неа демократија“ смета дека текстовите, изгласани минатата недела, се во прекршување на Уставот на земјата. Само 9% од Грците сепак го прифаќаат овој аргумент.

Нешто повеќе – истата студија покажува дека 60% од испитаниците се против одржувањето на нови избори во земјата, уште повеќе откако владата на „Сириза“ ги заврши преговорите за ревизија на спасувачката програма. Против нови избори се дури и 40% од приврзаниците на „Неа демократија“, станува јасно уште од студијата.

Оваа ситуација веројатно ќе му даде слобода на лидерот на „Сириза“, Алексис Ципрас, за да се разгледаат следните чекори. На крајот на септември се очекува да се одржи конгрес на партијата, а нејзините членови ќе очекуваат задоволително објаснување каде оди и партијата и управувањето на земјата, како целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП