9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФабричките нарачки во Германија со најсилен пад по 9 месеци

Фабричките нарачки во Германија со најсилен пад по 9 месеци

naracki ger4

Новите нарачки во производството во Германија се намалува за 2% во април во споредба со претходниот месец, покажуваат сезонски прилагодените податоци на федералната служба за статистика „Destatis“.

Ова е најсилниот пад по девет месеци, кога во август 2015-та година нарачките од странство се намалија за 4,3 отсто, а оние од Германија пораснаа за 1,3 отсто.

Индустриските нарачки во најголемата економија во еврозоната се најдов на негативна територија во четвртиот месец од годината, откако нивната вредност во март беше ревидирана во нагорна насока до 2,6% во споредба со првичните податоци за раст од 1,9% на месечна база, пишува уште „WBP Online“.

За споредба – аналитичарите очекуваа фабричките нарачки да паднат за 0,5% во април.

Пред месецот, нарачките од Германија се зголемуваат за 1,3%, а од странство се намалуваат за 4,3% во однос на претходниот месец. Новите нарачки од еврозоната растат со 2,5% на месечна основа, додека оние од други земји се намалуваат за 8,3% во споредба со март.

Кај средната стока има раст од 4,8%, а кај капиталните се забележува пад од 6,1%. Кај потрошувачките стоки е забележан пад на новите нарачки од 1%.

naracki ger3

Според податоците од минатата недела производствената активност во Германија расте во мај, а производниот „PMI“ индекс се зголеми до 52,1 поени во однос на 51,8 поени во април. Уште позитивни сигнали за германската економија дојдоа подоцна во текот на неделата, кога статистиката покажа дека невработеноста во земјата е намалена до ново рекордно ниско ниво во петтиот месец од годината.

Стапката на невработеност во најголемата економија на еврозоната се намали до 6,1% во мај во споредба со 6,2 во април – најниско од обединувањето на Германија во 1990-та година.

Во однос на проекциите за економски раст, германската централна банка „Bundesbank“ ги намали очекувањата за растот на БДП во федералната република. Според ревидираните податоци економијата на Германија ќе се зголеми за 1,7% во оваа година, што е под предвидувањата од декември за стандардниот 1,8 процентен раст.

Што се однесува до инфлацијата, „Bundesbank“ очекува 0,2% раст на потрошувачките цени во 2016-та година, 1,5% зголемување во 2017-та година и 1,7% во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП