19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците го одбија гарантираниот минималeн доход за сите

Швајцарците го одбија гарантираниот минималeн доход за сите

swiss

Швајцарските избирачи го отфрлија во неделата на референдум со големо мнозинство гласови предлогот за воведување гарантиран минимален доход за сите граѓани на оваа богата држава, покажуваат прелиминарните проекции од резултатот на гласањето.

Првичните проекции на агенцијата GFS покажуваат дека 78 отсто од избирачите ја отфрлиле иницијативата на сопственикот на кафуле во Базел, Даниел Хаени и на неговите приврзаници, но референдумот ја поттикна непријатната јавна дебата за иднината на работните места во време на сé поголема автоматизација.

Поборниците на иницијативата истакнуваа дека со воведувањето на гарантираниот минимален месечен доход од 2.500 швајцарски франци по лице и 625 франци по дете помладо од 18 години ќе се придонесе за заштита на човечкото достоинство и ќе ги унапреди јавните услуги.

Противниците, вклучително и швајцарската влада, предупредуваа дека тоа би чинело премногу и дека би ја ослабела економијата на земјата. Владата истакна дека Швајцарија веќе има добро развиен систем на социјална помош за оние кои не можат да се издржуваат.

Хаени го призна поразот, меѓутоа се смета за морален победник.

„Како деловен човек јас сум реалист и очекував поддршка од 15 отсто, а сега изгледа дека е поголема од 20 или дури 25 отсто. Мислам дека тоа е одлично и сензационално.

Кога ќе го видам интересот на медиумите, од странство исто така, тогаш велам дека покренуваме тренд“, изјави Хаени за швајцарската телевизија SRF.

Швајцарија е првата држава која одржа референдум за воведување безусловен минимален доход, но за тоа размислуваат и други држави, како на пример Финска.

Планот требаше во целост или со еден дел да ја замени социјалната помош. Владата процени дека тоа ми чинело околу 208 милијарди франци годишно, со што силно би ја ослабело економијата, како и дека луѓето би ја загубиле мотивацијата за работа, особено оние со ниски примања.

Повеќето трошоци би можеле да се покријат од постојните социјални надоместоци, но кусокот од 25 милијарди франци би морал да се надоместува со големи кастрења на потрошувачката или со зголемување на даноците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП