17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлосторствата од еколошки карактер носат годишни загуби oд 258 милијарди долари

Злосторствата од еколошки карактер носат годишни загуби oд 258 милијарди долари

orang-1

Злосторствата од еколошки карактер го чинат светот загуби во висина од 258 милијарди долари годишно. Тоа гласи во заедничкиот извештај на Програмата за заштита на животната средина на ОН и Интерпол, цитиран медиумите.

Овој вид злосторства вклучуваат илегална трговија со примероци од дивината, корпоративни злосторства во секторот на сечење дрва, вклучувајќи ја и незаконска сеча, незаконски екстракција на злато и на минерали, сообраќај со опасен отпад и измами на пазарот на јаглеродни кредити.

Злосторствата со еколошки карактер се зголемува со вознемирувачко темпо, предупреди генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток.

Во последната деценија бројот на овој вид криминал се зголемува со 5-7% годишно, пишува во заедничкиот извештај на програмата на ОН и Интерпол. Тоа значи дека овој род злосторства растат 2-3 три пати побрзо од растот на глобалниот бруто домашен производ (БДП).

Еколошките злосторства е четвртиот најголем криминален бизнис во светот по трговијата со дрога, фалсификатите и трговијата со луѓе. Износите кои светот ги губи поради еколошките злосторства, се 10 илјади пати поголеми од износите кои меѓународните агенции ги инвестираат во борбата против него, имено – 30 милиони долари, се потсетува во заедничкиот извештај.

Ловот на некои од најзагрозените видови во дивината, како носорозите и слоновите расте со над 25% годишно за последната деценија, се вели во документот. За последните 10 години ловокрадците убиле во просек по 3 илјади слонови годишно само во Танзанија.

Слабото законодавство и недоволното финансирање на безбедносните сили во нивната борба со еколошките злосторства им овозможуваат на меѓународните криминални мрежи и вооружени бунтовници да извлекуваат полза од незаконската трговија, која ја опустошува животната средина и загрозување со исчезнување на животинските видови.

Во извештајот се наведува дека транснационалните криминални организации ги вршат еколошките злосторства, за да перат пари од шверц на дрога. Нелегалните златни рудници во Колумбија, на пример, се сметаат за еден од најлесните начини за перење пари од трговијата со дрога.

Меѓународните криминални картели исто така тргуваат со опасен отпад и хемиски производи. Криминални мрежи, кои се занимаваат со слична трговија и се поврзани со конфликтот во источниот дел на Демократска Република Конго, потрошиле 2% од своите приходи за таму да финансираат 50 различни бунтовнички групи, се посочува како пример во извештајот.

Нелегално експлоатирање на природните ресурси, на оваа земја пак им носи на криминалците приходи од 900 милиони долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП