17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска официјално се прости со негуваниот рејтинг од ААА

Финска официјално се прости со негуваниот рејтинг од ААА

finska otkazi

„Moody’s Investors Service“ го намали кредитниот рејтинг на Финска, со што земјата конечно ја загуби својата топ оценка. Ова се случува во момент во кој Нордиска држава покажува сигнали дека излегува од долготрајната економска стагнација, пишува „Bloomberg“.

Оценката по долгот на најсеверниот член на еврозоната беше намалена до „Aa1“ од „Aaa“. Финска имаше рејтинг од „Aаа“, доделен од „Moody’s“, уште од 1998-ма година. Земјата го изгуби негуваниот рејтинг од „Fitch“ во март, а од „S & P Global Ratings“ во 2014-та година.

Падот се базира на „значителните економски предизвици со кои се соочува финската економија и слабиот раст кој „Moody’s“ очекува земјата да го постигне во следните години“.

Меѓу причините се влошувањето на фискалната позиција на Финска и недостатокот на забележителен напредок во позитивен план во однос на должничкиот товар на јавниот сектор во следните пет години.

Финска излезе од 3-годишната рецесија во 2015-та година, откако хартиената индустрија настрада, забави побарувачката на фински стоки во странство од Русија и падот на бизнисот на „Nokia“ со мобилни телефони.

Сега Владата е во екот на обидите на учесничките во пазарот на трудот да ги намалат платите, за да се врати конкурентноста.

Во првото тримесечје од 2016-та година растот се забрза до 2,4% поради потрошувачката и инвестициите. А сепак за оваа година Организацијата за економска соработка и развој прогнозира раст од само 1%, бидејќи невработеноста останува над 9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП