26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата стабилни на 50 долари, пазарот кон рамнотежа

Цените на нафтата стабилни на 50 долари, пазарот кон рамнотежа

nafta 38844

Цените на нафтата се задржаа во петокот на меѓународните пазари на нивото од 50 долари поткрепени од сигналите за урамнотежување на понудата и побарувачката, а дополнителна поткрепа им пружи, според процените на вложувачите, и позитивниот тон од состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 50,09 долари. Поголеми промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што со барелот се тргуваше по 49,20 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), пак, објави дека референтната цена на барелот кошница нејзина нафта во четвртокот изнесувала 45,58 долари, што значи дека пораснала за 39 центи во однос на затворањето на тргувањето во средата.

„Најлошото е зад нас, пазарот е на пат да се урамнотежи“, изјави за медиумите во Москва катарскиот министер за енергија, Мохамед ал-Сад.

Позитивниот тон од четврточниот состанок на OPEC во Виена ги стивна стравувањата од заострувањето на трката меѓу Саудиска Арабија и Иран за пазарниот удел.

„Состанокот ја отстрани клучната причини за загриженост и ризикот од пад на цените на пазарите, имајќи предвид дека Саудиска Арабија јасно стави на знаење дека нема намера да го преплават пазарот за со ниските цени да му се предизвика економска штета на Ита“, вело Бјарне Шиледроп од норвешки SEB.

Дополнително процесот на урамнотежување го поткрепуваат и прекините во снабдувањето од неколку големи производители, меѓу кои Нигерија, Венецуела, Либија и САД. Во петокот бунтовниците во Нигерија изведоа три нови напада врз обновената инфраструктура во областа на делтата на Нигер, каде се произведува половината од нигериската нафта.

Во „Bank of America Merrill Lynch“ додаваат дека цените на нафтата добиваат поткрепа и од „сезонската динамика, како и од силниот тренд на раст на потрошувачката на бензини во САД, Индија, па дури и во Кина“. Поради пониските цени, потрошувачите полесно се решаваат да патуваат со сувоземен и воздушен сообраќај, што ја зголемува потрошувачката на бензин и на керозин, додаваат во белешката на банката.

Нивните процени ги потврдуваат и во четвртокот објавените податоци од американската влада, кои покажаа неочекувано силен пад на резервите на бензини и деривати, за 1,5 односно за 1,3 милиони барели, навестувајќи силна потрошувачка и извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП